Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите на мојата возраст?

     Најдобро време човек во кое може да живее е младоста. Сите се трудиме да ја доживееме на најдобар начин, онака како што ние самите сакаме, без да се грижиме за туѓото мислење.
     Колку и да се трудиме да живееме според нашите правила тоа е невозможно. Токму поради тоа, ние губиме време користејќи ги технолошките пронајдоци, наместо да поминуваме повеќе време со нашите пријатели и нашето семејство. Со самото тоа, ја губиме свеста за вистинските вредности во животот.
     Треба да го цениме тоа што го имаме денес, бидејќи утре може да биде предоцна за некои работи.
     Луѓето меѓусебно се ценат според материјалното богатсво, а не според она што доаѓа од внатре. Живеат за да го покажат она што го имаат (својата голема куќа, скапиот автомобил, пари...).
     Технологијата напредува, но карактерите се уназадуваат. Живееме во општество каде што јазикот е побрз од мозокот. Никој не размислува дали можеби ќе повреди некого со она што ќе го каже.
     Покрај сите недостатоци во денешното општество, не можеме да го промениме него, туку начинот на кој го гледаме. Туѓото мислење не треба да не прави несреќни.

6 comments:

  1. Се согласувам со твојот став и твоето мислење. Живееме во општество на технологијата коешто не можеме да го промениме.

    ReplyDelete
  2. Исто така и јас се согласувам со тебе бидејки и според мене ова е најдобриот период од нашиот живот.

    ReplyDelete
  3. Се согласувам со тоа дека во ова време никој не разммислува пред да каже нешто.

    ReplyDelete
  4. Јас се согласувам со твоето мислење дека треба да бидеме задоволни со тоа што го имаме и да не го користиме интернетот како место да "покажеме" се што имаме.

    ReplyDelete