Wednesday, October 18, 2017

,,Сердарот''-Г.Прличев




          Во јуначкото дело ,,Сердарот'' од ГлигорПрличев се зборува за јунакот Кузман Капидан и неговата голема борба против големите разбојнички банди кои вршеле терор во западните делови на Македонија. Дејството во оваа поема се случува кон средината на XIX век во западните делови на Македонија, регионот помеѓу Галичник, Река и селото Стан.
       Неда е главниот лик во оваа поема. Таа е мајка на јунакот во оваа поема, но и таа самата е јунак. Неда била многу нежна према својот син Кузман и нејзината тага била многу голема кога дознала за смртта на својот син. Грижата на Неда за народот после смртта на Кузман, исто така е многу голема. Омразата на Неда кон народните злосторници не познава  граници. Таа е многу решителна и храбра и таа е подготвена сама да ја продолжи големата борба кој ја почнал нејзиниот син против непријателите. Неда е подготвена  да стане водач на оваа борба. Во ликот на Неда, авторот Григор Прличев го насликал ликот на својата сакана мајка кон која чувствувал почит.
       Од главниот лик на Неда, може да се заклучи дека таа била навистина храбра и секогаш подготвена да се жртвува за својот син Кузман, а исто така и за народот.
       Кузман исто така е главен лик во оваа поема. Тој бил сердар и потекнувал од сердарско семејство. За него дознаваме од останатите ликови односно преку нивното раскажување. Тој бил истакнат народен борец и бил навистина праведен, чесен и мирен. Неговата љубов кон мајка му и народот била огромна и неизмерна. Кузман бил нежен во својот приватен живот, но кога станува збор за безбедноста на народот тој се жртвувал и  бил бестрашен и храбар јунак. Исто така, кај Кузман се јавуваат и други чувства како што се љубов и почит кон девојката Марија кој бил заљубен во неа и сакал да го помине својот живот заедно со неа.
       Од ликот на Кузман може да заклучиме дека тој бил храбар борец и секогаш се жртвувал,а исто така  бил исполнет и со многу љубов кон својата мајка, девојката Марија, а и кон народот за којшто се борел.
       Во оваа поема исто така се спомнуваат и негативни ликови, а тоа се Гегите кои се прикажани како непријатели, немилосни, бездушници, убијци и крадци. Од друга страна, нивни позитивни карактеристики  се тоа што тие се чувствителни бидејќи го однеле мртвото тело на Кузман да го види мајка му за последен пат, ризикувајќи да бидат убиени од гневното население за одмазда. Тие ја покажуваат својата човечност, така што имаат голема почит кон борецот. Исто така, во оваа поема се истакнува и еден стар Албанец, којшто со својата мудрост се обидува да ја утеши тажната мајка на Кузман. 
       Од ликот на Гегите, може да се дојде до заклучок дека тие се лоши банди и сакаат да наштетат на мирниот народот, а од друга страна тие се навистина човечни, храбри и чувствителни.
       Григор Прличев е пример за достоен живот и живот кој е воден по принципи. Идејата на оваа  поема е да го покаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.

No comments:

Post a Comment