Thursday, November 23, 2017

,,Шагринска кожа'' -О.де Балзак

          Во делото ,,Шагринска кожа'' од Оноре Де Балзак се работи за момчето Рафаел Де Валентин кој решава да си го одземе животот поради губењето пари, но по патот влегол во несекојдневна продавница кадешто еден старец му нудел парче кожа која ја исполнува секоја желба на сопственикот, намачувајќи се со секое исполнување.
          Рафаел е преставен како динамичен лик кој секогаш носел решителни одлуки и одел кон целта. Во реалниот живот, Рафаел би била личност без многу средства за живеење, но полна со големи желби. Доказ за ова се деловите кадешто тој се обидел да се самоубие но ја пронашол шагринската кожа која ја потрошил до крај. Општеството во кое живее Рафаел е француско општество, односно со многу бурни револуционерни случувања. Тоа општество е поразлично од денешното, бидејќи повеќе не се застапени бурните револуционерни случувања. Останатите ликови во ова дело Рафаел го гледаат како себична личност која сака да ги задоволи само своите потреби. Рафаел е свесен за тоа како го гледаат тие, и се трудел да ја освои нељубезната Федора и ја користел шагринската кожа. Но, Рафаел не е свесен за своите постапки бидејќи ако бил свесен шагринската кожа немало толку да се намали. Тој е комплексен лик кој во текот на неговиот живот постојано се надградувал.
          Во ова дело може да се дојде до заклучок дека Рафаел носел решителни одлуки и продолжил кон својата цел.

No comments:

Post a Comment