Monday, February 12, 2018

,,Прва љубов''-Иван С.Тургењев

Фабула
     Овој роман започнува со средбата на тројца мажи на забава- домаќинот, Владимир Петрович и Сергеј Николаевич. Тие требало да раскажуваат за својата прва љубов, љубовта која никогаш не се заборава. Откако домаќинот и Сергеј раскажале, дошло ред и на Владимир. Тој рекол дека не е добар наратор, па затоа сакал сето тоа да го прераскаже во една тетратка. По една недела, Владимир го предал текстот кој бил напишан во тетратката.

Сценарио
(Тројца мажи се сретнуваат на забава- домаќинот, Владимир Петрович и Сергеј Николаевич)
Домаќинот: Секој од нас треба да ја раскаже својата приказна за својата прва љубов (рече тој додека ја палеше својата цигара). Ајде, Вие сте на ред Сергеј Николаевич.
Сергеј: Jас немав прва љубов, туку веднаш започнав од втората.
Домаќинот: Како тоа? (прашува тој зачудено)
Сергеј: Многу едноставно, имав само осумнаесет години, а и се додворував на една прекрасна госпоѓица. прочем, прв и последен пат се вљубив кога имав шест години, во својата негувателка – но тоа беше многу одамна. Деталите на нашите односи одамна се избришале од моите спомени, а и кога би се сеќавал, кого би го интересирале?
Домаќинот: Тогаш што ќе правиме? Ни мојата приказна не е интересна. Се заљубив во Ана Иванова мојата сегашна жена – и сè ни одеше како подмачкано: нашите татковци нè свршија, набрзо потоа се засакавме и се венчавме, без двоумење. Мојата приказна се кажува со два збора. Веројатно имате нешто со што ќе не забавувате, вие, Владимир Петрович?
Владимир: Мојата прва љубов спаѓа во оние, несекојдневните...
Домаќинот и Сергеј: А! Ајде, раскажувај...
Владимир:Па добро, кога сакате... или не; нема да раскажувам; не сум мајстор во раскажувањето. Но, ако ми дозволите, јас ќе запишам се во тетратка, а потоа ќе ви прочитам.
(На почетокот домаќинот и Сергеј Николаевич не се согласуваат, но Владимир Петрович останува при своето.)

No comments:

Post a Comment