Monday, March 19, 2018

,,Вујко Вања''- А.П. Чехов

          Драмата ,,Вујко Вања'' е дело на А.П. Чехов каде што се зборува за едно имашливо руско семејство кое живее на селски имот во многу тажна атмосфера.
          Професорот Серебрјаков е женет за многу помладата Елена Андреевна, во која се заљубени и вујкото Вања, како и месниот доктор Астров. Љубовниот заплет го чини Соња, која е силно вљубена во докторот Астров. Освен љубовните интриги, во фамилијата постојат сериозни меѓусебни недоразбирања и нетрпеливост. Вања постојано се жали на своеволниот карактер на Серебрјаков и на неговата безобѕирност кон останатите членови од семејството. Од друга страна, пак, Серебрјаков планирал да ја продаде селската куќа, што ќе повлече бран на незадоволство кај најблиските. Дејството кулминира кога вујко Вања со пиштол ќе посегне по животот на Серебрјаков, што ќе резултира со заминување на професорот и неговата сопруга од куќата. По тој невообичаен настан, работите си се вратиле по стариот тек.
          Враќајќи се кон рутината, се враќаат во својата школка, се затвораат во својата безбедна куќичка до која животот не може да допре. Со ова дело, Чехов го прикажал тажното умирање на крајот на стариот и почетокот на новиот, можеби подобар век.

No comments:

Post a Comment