Tuesday, March 27, 2018

Дали е добро да си мрзелив?

          Mрзеливоста е чудно чувство кое не тера да не правиме ништо. Мрзеливите луѓе не успеваат во животот, и се навистина дрски. Еве неколку причини зошто не треба да се биде мрзелив.
          Mрзеливоста предизвикува незаинтересираност кај останатите. Исто така, мрзеливите луѓе постојано лежат дома, а од тоа никој нема полза. Доколку си мрзелив, останатите ќе те избегнуваат поради твојата незаинтересираност.
          Доколку си мрзелив, нема да имаш работа. А, доколку немаш работа, нема да имаш и пари со кои ке можеш да ги задоволиш своите потреби.
          Мрзеливоста исто така предизвикува и неред во домот. Односно, твојата соба постојано ќе биде растурена и валкана, а околу јадењето, постојано ќе купуваш брза храна која ќе и наштети на твоето здравје.
          Со ова заклучивме дека мрзеливоста не е корисна, а мрзеливите луѓе се незаинтересирани и не се замараат со ништо во животот.

No comments:

Post a Comment